VIRGO Engineering

1435337774_facebook
1435337799_twitter

Структурно каблирање...

 

Придобивките од нашите решенија се: Квалитетна и естетска изведба, Сертификација на мрежата и гаранција за исполнување на бараниот капацитет на пренос, Гаранција за долготрајна непроменетост на карактеристиките на пренос, Документираност на изведбата и друго.

Структурното каблирање зазема 2% до 5% од вкупната инвестиција за техничко опремување на компанијата. Но, дури 50% од проблемите кои се јавуваат во мрежата се поврзани со неадекватната или неквалитетна кабелска инфраструктура. Документацијата и систематското одбележување е исто така клучен елемент во натамошното лесно следење и надградување, и во огромна мера го скратува времето за имплементација на нови технологии.

Нашиот тим се состои од сертифицирани и искусни проектанти и инсталатери, обучени и запознаени со опрема од разни производители. Согласно тоа, зависно од вашите потреби, можеме да ви помогнеме да ги уживате придобивките од модерните комуникации без главоболки. Нашите услуги во областа на структурното каблирање вклучуваат:

Консултантски услуги: Избор на опрема и технологија врз основа на потребите на корисникот и планот за развој (Coaxial cable, Cat3, Cat5, Cat5e, Cat6, Cat7, FO…)
Проектирање: Планирање на основа на кат во CAD/Visio, со изработка на премер на количини.
Продажба: Нудиме  производи  од  повеќе  реномирани производители на  опрема  за структурно каблирање (ормари, канали, кабел, панели...)
Инсталација: Инсталирање на канали, ормари, панели, утичници, кабли придржувајќи се до последните EIA/TIA стандарди.
Изведбена документација: Исцртување и обележување на изведената инсталација на основата на кат во CAD/Visio.

Услуги

ИТ Систем Интеграција
Структурно каблиранје
Енергетика
Оптички кабли
Безжични решенија
Видео надзор
IP Телефонија (IP PBX)
Автоматизација

9898998
image001