VIRGO Engineering

1435337774_facebook
1435337799_twitter

 

Компанијата Вирго инжинеринг  нуди комплетно комуникациско решение кое ќе ги задоволи сите ваши потреби и ќе го прати развојот на вашата компанија, а воедно ќе биде економично, квалитетно и долготрајно. Сеопфатноста на нашата понуда во поглед на комуникацискиот систем го олеснува следењето на пропишаните стандарди, го олеснува одржувањето на системот и ја зголемува економичноста. За било каква потреба, конкретно решение, специфична услуга која ја барате од вашиот комуникациски систем контактирајте го нашиот стручен тим. Уште повеќе дојдете во нашите деловни простории каде голем дел од решенијата кои ги нудиме може да ги демонстрираме за да се уверите дека токму тоа ви е вам потребно.

Политика на квалитет

Вирго Инжинеринг целосно е предадена и преокупирана со потребата од, целосна имплементација на највисоките стандарди за квалитет во изведбата на објектите и квалитет на инсталираните готови производи, како и на безбедноста и одговорноста во инфраструктурниот инжинеринг и сервис кој што го нудиме на нашите клиенти.

Ние сме безрезервно посветени на работата и работните задачи по следниве принципи:

Сервисни стандарди

Вирго Инжинеринг изведува и испорачува производи и услуги кои ги исполнуваат или надминуваат барањата поставени од страна на нашите клиенти и соодветни регулаторни тела и институции со кои што имаме деловна соработка. Ние како компанија се обврзуваме да ги исполнуваме сите утврдени процедури, стандарди за квалитет, стандарди за работа и безбедност при работа како и сите останати прописи и законски регулативи, као и стандардите за кои што сме сертифицирани. Сертификати: ISO 9001:2008, ISO 14001:2004, Охсас 18001:2007

Посветеност на квалитетот

Вирго Инжинеринг е постојано посветена и одговорна за квалитетот на својата работа, и при нашиот професионален пристап кон работата постојано ќе настапуваме со нашата целосна способност.

Постојано подобрување

Ние постојано се стремиме да го подобриме нашиот квалитет преку учење, споделување на знаењето, иновации и учество во програми за постојано подобрување. Наш стремеж е да ги мотивираме нашите вработени за постојано унапредување во своите работни задачи. За таа цел Вирго Инжинеринг ќе воспостави и одржува соодветни контроли во работата и преглед на оствареноста на поставените стандарди на годишно ниво.

Се надеваме на успешна соработка на взаемно задоволство.
Поздрав,

 

Вирго Инжинеринг

strukturno-kabliranje

За нас
 

image001